fbpx

На Штип му треба нов студентски дом

-

Четири помали студентски домови и оваа студиска година треба да сместат 440 студенти од околу 5.000, колку што во текот на студирањето живеат во Штип. Околу 200 од нив се странски студенти, кои не сакаат да живеат во државниот дом и најчесто одбираат приватно сместување.

Во тек е аплицирањето за прием на суденти во четирите студентски домови. Најмногу места, 216, има во некогашниот ученички дом, кој во еден дел е адаптиран за потребите на студентите.

За новиот студентски дом со капациетет од 500 легла ќе се почека. Иако уште со отворањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ беше најавена и изградба на нов студентски дом, студентите се оставени, главно, на приватните капцитети.

Доделена е локација за изградба на домот, меѓутоа пропадна идејата за јавно-приватно партнерство. Од Универзитетот велат дека се чека на Министерството за образование и наука, кое засега во својот буџет нема одвоено пари за оваа неопходна инвестиција во Штип.

Во меѓувреме, сместувањето студенти станува добар бизнис. Некогашна семејна куќа стана студентски дом со 60 легла. Од оваа година никна нова трикатница, каде главно се сместуваат странски студенти, кои плаќаат за поудобни соби, опремени со телевизори и со фриждери, современи бањи, интернет и со видео-надзор.

Цели катови од смејни куќи во елитниот дел на Штип се адаптирани за странски студенти. Во некои од огласите излепени по Штип, отворено се бараат странски студенти.

За домашните студенти, останува алтернативата од четирите студентски домови, за кои месечно за живот и за храна, плаќаат по 5.000 денари. Многумина од студентите се определуваат и за секојдневно патување во околните места, каде што живеат.

Велат, не е поисплатливо, но е помудро, со оглед на условите за живот во државните сместувачки капацитети, кои со години чекаат реновирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...