fbpx

На „НАТО појадок“ се одбележаа три години од членството на С. Македонија во Алијансата

На настанот присуствуваа високи владини функционери, претставници на дипломатскиот кор и други значајни институции во земјава. Специјален гостин беше амбасадорката на Украина, Лариса Дир

-

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи беше домаќин на традиционалниот „НАТО појадок“ на почетокот на НАТО деновите во Северна Македонија, кога се одбележуваат три години од членството на земјава во Алијансата.

Станува збор за традиционален НАТО појадок со амбасадорите на земји членки на НАТО што се одржа во Клубот на пратеници во Скопје.

На настанот присуствуваа високи владини функционери, претставници на дипломатскиот кор и други значајни институции во земјава. Специјален гостин беше амбасадорката на Украина, Лариса Дир, која се заблагодари за помошта што Македонија ја обезбедува за Украина, нагласувајќи дека истата е од витално значење за украинските бранители, кои по цена на сопствениот живот ја бранат и Украина и демократските вредности.

Во своето обраќање, Османи ги истакна придобивките од членството на Северна Македонија во НАТО, оценувајќи го како историски успех и најзначајно надворешно – политичко постигнување. Тој нагласи дека членството на земјава во Алијансата е особено значајно за регионалната безбедност и стабилност, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици.

„Денес во присуство на нашите сојузници и партнери одбележуваме три години од членството на Северна Македонија во Алијансата, додека на 4-ти април ќе ја чествуваме 74 годишнината од основањето на Организацијата на Северноатлантскиот договор или Денот на НАТО. Со тоа ја продолжуваме традицијата – секоја година од 27-ми март до 4-ти април да се одржуваат Денови на НАТО посветени на заедничките успеси и постигнувања, но и предизвиците со кои сојузниците и Алијансата се соочувале низ годината”, рече Османи.

Фото: МНР

Во своето обраќање тој истакна дека регионот на Западен Балкан е особено изложен на стратегиска конкуренција и на малигно влијание на трети страни кои се обидуваат да ги искористат слабостите и недовршената евро-атлантска интеграција со цел да остварат свои стратешки интереси.

„Решението се наоѓа во засилени демократски реформи со цел да се зајакне отпорноста, но и во засилена и координирана соработка на НАТО и ЕУ во заокружувањето нa евроатлантската интеграција на регионот и комплетирањето на демократската трансформација“, изјави министерот за надворешни работи.

Фото: Влада на РСМ

Во своето воведно обраќање премиерот Димитар Ковачевски истакна дека државата денеска е фактор на стабилноста на Западен Балкан, а во услови кога светот, „во 21-от век се соочува со целосно неразумна и недозволива агресија на Руската Федерација врз една суверена и независна држава, Украина, светлото е вперено кон НАТО“.

„Пристапот во НАТО е излез од неизвесност и влез во сигурност. Затоа е клучно да продолжи политиката на отворени врати на НАТО кон државите од европскиот континент коишто имаат вакви аспирации. На Република Северна Македонија добро ѝ е познато што значи да се живее во таква загриженост – да се биде во воено опкружување, додека пламтеше во околните држави за време на поранешна Југославија – да се бара начин да се сочува домашниот мир, идентитет, црква и јазик. И го сочувавме, со тоа што сите заедно, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци, други, застанавме зад определбата да го одбраниме мирот. Оттаму, добро ни е познато и значењето на обединетоста“, рече Ковачевски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...