fbpx

Дезинформација е дека имало киднапер во средното музичко училиште во Скопје

Директорката на училиштето „Илија Николовски Луј“ изјавила дека станува збор за крадец кого сакале полесно да го фатат со помош на зелепената фотографија

-

Текстот што се споделува на социјалните мрежи се повикува на  објава од профил на Фејсбук, којашто подоцна е избришана од самиот корисник кој призна дека споделил дезинформација. МВР ја демантираше  веста за наводен киднапер во средното музичко училиште во Скопје. „Ниту има пријава за такво лице до полицијата, ниту има пријава дека некое лице е киднапирано“, соопшти МВР, пишува „Вистиномер“ во својата анализа

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој е споделен текст со наслов:

Се шири апел: Киднапер намамува деца во училиште со објаснување дека го пратиле родителите?!

Во текстот се вели дека на социјалните мрежи почнала да се шири фотографија од човек која била закачена во училиште и имало апел ако некој го види да се јави во полиција. Потоа се споделува објава од профил на Фејсбук, во која пишува дека лицето на фотографијата е „киднапер на деца, кој им пристапува на помалите деца велејќи им дека е дојден за да ги однесе кај родителите кои го пратиле“.

Меѓутоа, веста за „киднапер“ кој намамува деца во средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“, е дезинформација која предизвика многумина да почнат да го споделуваат апелот, да се закануваат кон лицето на фотографијата, а меѓу родителите се прошири паника и чувство за небезбедност на нивните деца.

Овој пост, иако постоеше на профил на социјалната мрежа Фејсбук, а го предизвика вниманието и на медиумите и на другите корисници кои го споделуваа апелот, подоцна беше избришан од самиот корисник кој призна дека споделил дезинформација.

Самата ситуација предизвика експресна реакција и од страна на Министерството за внатрешни работи кои демантираа дека лицето на фотографијата е киднапер и од училиштетo:

МВР најостро ги демантира лажните вести кои денеска се проширија на социјалните мрежи во врска со наводен киднапер, кој наводно се движел околу средното музичко училиште во Скопје. Ниту има пријава за такво лице до полицијата, ниту има пријава дека некое лице е киднапирано. И лицето кое ја пласираше оваа лажна вест, ја повлече и јавно објави дека станува збор за лажна вест. Пласирањето на вакви лаги е со цел да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните а за жал, зачестено се пласираат последниов период. Лицето кое ја пласираше оваа лага ќе биде повикано во полициска станица и до надлежното обвинителство ќе биде поднесен соодветен поднесок против него. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на вакви лаги. Исто така им благодариме на медиумите кои не подлегнуваат на ваквите лажни вести и информациите ги проверуваат во надлежните институции, велат од МВР .

Директорката на училиштето „Илија Николовски Луј“ за „Макфакс“ изјавила дека станува збор за крадец кого сакале полесно да го фатат со помош на зелепената фотографија.

Иако, медиумите се должни да објавуваат проверени информации, за жал во овој случај постот е пренесен без никаква дополнителна проверка. Од текстот не може да се добие впечаток дека е направен обид да се провери (дез)информацијата за наводниот киднапер. Социјалните мрежи може да бидат појдовна основа новинарите да вршат проверки на информациите, но не и да објавуваат вести без проверка.

Дополнително, темата на која се однесува дезинформацијата е исклучително сензитивна, бидејќи засега деца и се однесува на нивната безбедност во училиштата. Поради тоа и објавата во експресно време предизвика масовно споделување, паника, љубопитство што допринесе дезинформацијата да биде пренесена до голем број на луѓе и да стане многу вирална.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...