fbpx

НАТО: Планот на Путин да постави нуклеарно оружје во Белорусија е опасен

„НАТО е буден и внимателно ја следиме ситуацијата. Не видовме никакви промени во нуклеарната положба на Русија што би нè навело да ја прилагодиме нашата“, изјави портпаролката на НАТО Лунгеску.

-

Планот на Владимир Путин да постави тактичко нуклеарно оружје во Белорусија е опасен и неодговорен чин и е закана за обврските на Русија за неширење на нуклеарното оружје, посочува НАТО.

Русија го обелодени својот план за Белорусија во саботата, инсистирајќи дека Русија нема да ги прекрши своите ветувања за неширење на нуклеарното оружје.

Портпаролот на НАТО, Оана Лунгеску во неделата изјави дека руската нуклеарна реторика е опасна и неодговорна.

Овој потег, иако не е неочекуван, Гардијан пишува дека е еден од најизразените нуклеарни сигнали на Русија досега и предупредување до НАТО за нејзината воена поддршка за Украина.

„НАТО е буден и внимателно ја следиме ситуацијата. Не видовме никакви промени во нуклеарната положба на Русија што би нè навело да ја прилагодиме нашата“, изјави портпаролката на НАТО Лунгеску.

Таа додаде дека земјите-членки на НАТО дејствуваат со целосно почитување на нивните меѓународни обврски, додека Русија постојано ги крши своите обврски за контрола на оружјето.

Гардијан пишува дека потегот на Русија е значаен, бидејќи Русија досега беше горда што за разлика од САД, не распореди нуклеарно оружје надвор од нејзините граници. Ова е првпат од средината на 1990-тите години да го направи тоа.

Инаку, проценките на Светската банка се дека на Украина ќе ѝ бидат неопходни 411 милијарди американски долари како трошоци за реконструкција на земјата по руската агресија која започна на 24 февруари лани. Економистот Адам Туз ги испита промените во украинската економија што беа наметнати на неа во текот на инвазијата, пренесува Гардијан.

За да обезбеди постојана поддршка од меѓународните институции како Меѓународниот монетарен фонд, Туз забележува дека украинската влада се обврзала на длабоки реформи кои ќе ја намалат заштитата на работната сила и ќе воведат мерки за штедење низ целата економија.

Политиката на драматично фискално штедење што доаѓа на сметка на структурата на украинското општество и државата ќе има огромни долгорочни трошоци, пишува Туз.

Руските воени дејствија на украинска територија продолжија и во изминатово деноноќие. Од ракетни напади загинал еден цивил во Донецкиот регион, додека две лица се повредени. Во Херсонскиот регион се повредени четворица како резултат на руското ракетирање на населените места, при што се испалени 97 ракети, пренесува Укринформ.

Директните судири меѓу руските и украинските сили продолжуваат кај градовите Бахмут и Авдивка во Донецкиот регион, како и долж патот меѓу Сватове и Кремина во Луханскиот регион.

Украинската војска соопшти дека нејзините трупи се вратија од Обединетото Кралство од обуките за користење на борбените тенкови „Челинџер 2“.

„Екипите добија обука која вклучуваше инструкции како да командуваат, возат и работат заедно како екипаж на тенк „Челинџер 2“ и ефикасно да ги идентификуваат и ангажираат целите“, пишува Укринформ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...