„На кафе во Солун“ – нов проект на македонските и грчките железници

-

Македонски железници – Транспорт е во преговори со грчкото железничко претпријатие TrainOSE за воведување на нови поаѓања од Скопје за Солун, за туристичките центри Лептокарија и Неи Пори, но и за директна врска од Скопје до Истанбул.

Проектот „На кафе во Солун“ ќе овозможи секојдневно железничко поврзување меѓу Скопје и омилената дестинација за шопинг на Македонците. Од МЖ-Транспорт велат дека во летните месеци овој воз би сообраќал до Неи Пори, при што нашата железница би се поврзала со туристичките агенции за превоз на групи до неколку крајбрежни дестинации на северот на Грција.

Од МЖ-Транспорт посочуваат дека се водат разговори за воведување во сообраќај на воз Битола – Лерин по пругата која што беше целосно реконструирана на крајот од минатата година. Локални прекугранични возови се предвидени и со Србија, за што се водат преговори и со тамошните државни железници.

-Локалниот воз Скопје – Табановци, да се поврзе преку возните редови, со локалниот воз Прешево – Ниш. На овој начин патниците би се превезувале со веќе постоечките возови и со тоа не би се правеле дополнителни трошоци – велат за „Мета“ од МЖ-Транспорт.

Доколку успеат преговорите со „Србија Воз“, експресниот воз „Хелас експрес“ кон Белград и кон Солун би сообраќал подолго време, а не само во периодот од 15 јуни до 16 септември.

Од Македонски железници – Транспорт информираат дека се направени првични разговори со турските железници за можно воведување на директен воз Скопје – Солун – Истанбул.

Според актуелниот возен ред, меѓународен железнички сообраќај во моментов функционира единствено кон Косово со брзиот воз што секојдневно сообраќа на релацијата Скопје-Приштина-Скопје.

Антикорупциска покрена истрага за патувањата на функционерите во Вашингтон

По бројните реакции во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за патувањето на македонските функционери на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Порталб.мк. „Државната комисија за спречување...

Трамп нареди објавување на илјадници класифицирани досиеја за атентатите на Џон Кенеди и Мартин Лутер Кинг помладиот

Американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на функционерите да направат планови за декласификација на документите поврзани со три атентати - на Џон Ф. Кенеди, Роберт Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг...

ТАВ Аеродроми: Нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, објавува дека „easyJet“, втората по големина авиокомпанија за летови на кратки и средни релации во Франција и со водечка улога во локалното поврзување, воведува нов директен...

Уште четири лица осомничени за терористичка организација

Под раководство на јавен обвинител, вчера била спроведено координирана акција на Агенцијата за национална безбедност и одделите за сузбивање на организиран и сериозен криминал и за специјални полициски операции, во рамки...

Антикорупциска покрена истрага за патувањата на функционерите во Вашингтон

По бројните реакции во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за патувањето на македонските функционери на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Порталб.мк. „Државната комисија...