На час по физичко во „Киро Глигоров“: Правилни вежби за помали деформитети кај децата

-

Дваесет и пет деца влегуваат во сала и нестрпливо чекаат да започне часот по физичко образование. Наставникот Кристијан Здравковски, кој го предава овој предмет, ги реди на линија пред да започнат да ги прават вежбите за загревање и координација. Сите го гледаат внимателно и полека ги следат неговите насоки. Нивната одделенска наставничка Весна Чижбановска-Трифуновска, пак, седи на клупата и реагира ако има проблем со дисциплината или редот на часот.

Наставникот почнува да трча околу салата, а по него трчаат и дечињата. Потоа се редат во круг и прават вежби. Во средината е наставникот кој им демонстрира како правилно да ги прават вежбите и ги поправа ако некое дете не вежба како што треба. Наставникот реди соодветна опрема на подот и им покажува на децата како да се протнат низ пречка без да ја турнат, вежба која е дел од оние за развивање на моторичките способности.

Вака беше на часот по физичко образование во новото основно училиште „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец, на кој присуствуваше екипа на „Мета.мк“. Целта беше да видиме како е организирана и како функционира новината тандем-наставници на часовите по физичко образование, која беше озаконета и почна да се применува од оваа учебна година во одделенска настава (од прво до петто одделение).

– Децата најмногу го сакаат овој предмет, затоа што овде се слободни и раздвижени за разлика од останатите часови кога главно мораат да седат во клупа. Во оваа возраст, најважно е да се работи на развој на моторичките способности кај децата. На часот практикувам да има половина час задолжително активно движење – трчање и истегнување затоа што тоа е многу важно за правилен раст и развој. Би сакал да апелирам до сите родители, да ги запишат задолжително на било каков спорт нивните деца зашто тоа е клучно за правилен психофизички развој. Спортот е неопходен во време кога децата поминуваат многу часови пред компјутер или на телефон, таблет – вели Кристијан.

За одделенската наставничка Весна Чижбановска-Трифуновска, ова е омилениот час на децата.

– Едвај чекаат да дојде време за час по физичко. Не само што овој предмет е важен за нивниот правилен развој, туку им доаѓа и како релаксирање, како забава. Ние, одделенските наставници сме подготвени да ги учиме децата физичко, бидејќи до лани го предававме предметот, но сепак, колегата по физичко образование е најстручен, тој е посветен само на тој предмет и знае многу подобро од нас да демонстрира вежби и да ги научи децата на правилни движења – вели Чижбановска-Трифуновска.

Деканката на Факултетот за физичка култура Ленче Алексовска-Величковска, која е иницијатор за воведување тандем-наставници во одделенска настава, вели дека најважно е вежбите правилно да се прават во таа возраст.

– Тешките ранци, неправилното седење, неправилното вежбање, создаваат кифоза, лордоза, сколиоза кај децата, па затоа оваа новина е одлична и од аспект на моторички развој и од аспект на психолошки развој. Ако ученикот се учи агилност, брзина, координација, тогаш му се зголемува и самодовербата, што значи дека со ова влијаеме и на создавањето на карактерните особини на личноста. А кога детето е среќно, полесно прави се`. Придобивките се бројни, а доказ за тоа се државите во кои ова веќе функционира со години, и каде бројот на деформитети е значително намален – нагласува професорката.

Во Министерството за образование и наука (МОН) велат дека согласно анализата која ја направиле пред почетокот на учебната година, покажала дека треба да има 224 нови вработувања на наставници по физичко образование, за да може да се реализира наставата.

– Но бројкава не е олкава зашто дел од финдот на часови е распределен на постојни наставници кои немаа полн фонд на часови – велат во МОН.

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...