fbpx

Стигна првиот снег, жичарата со шест седишта на “Попова Шапка„ сѐ уште не е готова

-

Жичарата со шест седишта во “Попова Шапка остана ветување цели пет години. Иако падна првиот снег и деновите на отворање на зимската сезона се приближуваат, оваа жичара сѐ уште не е официјално пуштена во употреба. Министерот Бектеши изрази оптимизам дека таа ќе биде наскоро пуштена во функција, а од “Елем турссега веќе 6 месеци остануваат со истото оправдување, пишува Порталб.мк.

Иако ветувањето за ставањето во функција на жичарата со шест седишта во “Попова Шапка полни пет години, надлежните лица не се двоумат да го повторуваат истото ветување при секое нивно изјаснување околу оваа тема.

Во изјава за „Порталб.мк“, министерот за економија, Крешник Бектеши изрази оптимизам дека скијачите на “Попова Шапка ќе ја имаат во функција жичарата со шест седишта за сезоната 2019/2020.

Но, иако нашата редакција побара, министерот Бектеши не вети дека во рок од 15 дена ќе ја објави документацијата за пуштање во функција жичарата.

“Жичарата со шест седишта е безбедна да биде пуштена во функција, со започнување на зимската сезона “Елем Турс ги врши последните подготовки и жичарата многу наскоро ќе биде готова за скијачите кои одат во “Попова Шапка рече Бектеши.

Веќе 6 месеци оправдувањето за не пуштање на оваа жичара во функција од страна на “Елем Турс„ е идентичнаСпоред нив, постапката за нејзино пуштање во употреба “е заглавено во административни проблеми“.

Договорот за изградба на жичарата е потпишан во 2014 година, градежните работи започнале на јуни 2016 но Државниот инспекторат за животна средина заради неколку неправилности, донесе одлука за прекинување на градежните работи во јули 2016 година. Работита беа повторно започнати во јули 2018 година.

Инаку, од 2012 година до денес се дискутира за бројни но главно истите проблеми со кои се соочува “Попова Шапка. Некогаш беше познат ски-центар во регионот и пошироко. Се инвестирало во инфраструктурата на ски-центарот, се организирале скијачки натпревари, со учесници од целиот свет и била омилена дестинација за многу планинари и скијачи. Денес, останала само големата желба на туристите скијачи да го видат овој центар развиен како некогаш.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...