fbpx

На автопатот Миладиновци – Штип, пробиени 80 проценти од трасата

-

Преку 500 градежни работници работат на автопатот Миладиновци – Штип, каде моментално се пробиени 80 проценти од трасата. Во моментов работат 2.200 лица на вкупно 230 километри патна инфраструктура, од кои 130 километри се автопатишта.
Ова денеска го истакна министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, при посетата на првата секција од автопатот Миладиновци – Штип, на потегот кај селото Средно Коњаре.
– Моментално се пробиени 80 проценти од трасата. Динамиката е запазена. Имавме многу проблеми со врнежите и со снеговите, но во моментов добро се одвиваат градежните активности и очекувам во летниот период да се зголемува динамиката – истакна Мисајловски.
Министерот нагласи дека изградбата на автопатиштата во Македонија претставува инвестициски „бум“ во државата. Информира дека паралелно се работи на делниците Кичево – Охрид, каде работат 900 работници, Демир Капија – Смоквица, каде се ангажирани 700 работници, а 100 работници ја спроведуваат реализацијата на патниот правец Велес – Катланово. Дополнително, според зборовите на министерот, се работи и на 46 локални правци.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...