fbpx

МЗ: Од денеска се дава трета доза вакцина против ковид-19, без закажување термин

-

Министерството за здравство (МЗ) информира дека почнувајќи од денеска, со трета доза вакцина може да се вакцинираат здравствените работници, граѓаните над 60 години и лицата кои имаат имунокомпромитирана здравствена состојба. Условот е да се поминати 6 месеци од примената ревакцина.

Во текот на минатата седмица, јавните здравствени организации беа информирани дека здравствените работници независно од возраста, може да примаат трета доза вакцина, во кој било од вакциналните пунктови во земјава.

Трета доза вакцина може да примат и граѓаните кои се вакцинирале во странство. Тие, задолжително на вакциналните пунктови, претходно ќе мора да приложат валиден документ од примените две дози вакцина, како би биле евидентирани во националниот систем Мој Термин.

Трета доза вакцина може да се прими без да се закажува термин, како што е и за првите две дози. Вакцинацијата со трета доза се спроведува на сите вакцинални пунктови во државата, каде во тек е вакцинација и ревакцинација, објаснуваат од МЗ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.