fbpx

МВР: Во еден ден во Скопје казнети 16 лица кои возеле без дозвола

-

Полицијата вчера фатила 16 лица во Скопје кои управувале без возачка дозвола со моторни возила. На територијата на град Скопје, вчера биле изречени вкупно 161 мерка, при што најголем дел од возачите (35 санкции) биле казнети за возење повеќе од дозволената брзина, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Под дејство на алкохол вчера биле фатени пет возачи, додека седум биле казнети за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Во текот на вчерашниот ден изречени се три мерки за неносење на сигурносен појас, четири за минување на црвено светло, четири за возач почетник, како и 56 казни за непрописно паркирање.

Од Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.09.2021) продолжија со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, се наведува во соопштението на МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...