fbpx

МВР вчера издало потврди на 2.496 бегалци

-

Во изминатите 24 часа, Министерството за внатрешни работи издало вкупно 2.496 потврди на странски државјани за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјани на Сирија – 1.152, 867 потврди се издадени на државјани на Авганистан, а 477 на државјани на Ирак.

Од почетокот на годината до вчера издадени се вкупно 57.973 потврди на странски државјани.

Во текот на изминатото деноноќие до Секторот за азил поднесени се три барања за признавање право на азил, од кои две се од државјани на Авганистан и едно од државјанин на Сирија, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Од 1 јануари до вчера до Секторот за азил барање за признавање право на азил поднеле десет лица, од кои седум од Авганистан и три од Сирија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...