fbpx

МВР распиша оглас за прием на 600 полицајци

Избраните кандидати за полицаец ќе склучат договор за основна обука за полицаец во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска објави јавен оглас за засновање на работен однос на 600 извршители на работно место полицаец, согласно своите организациски потреби, како и согласно одредбите од законите за внатрешни работи и за полиција, и соодветните подзаконски акти, информираат од МВР.

Во Секторот за внатрешни работи Скопје за работното место полицаец се бараат 300 извршители, во Секторот за внатрешни работи Охрид се отворени места за 100 извршители, прием за 30 извршители е овозможен во Секторот за внатрешни работи Тетово, додека по 20 полицајци ќе се примат во секторите за внатрешни работи во Струмица, Куманово, Штип, во Одделот за заштита на определени личности и објекти, како и во Регионалните центри за гранични работи Север и Запад. По 15 извршители на оваа работна позиција се бараат во секторите за внатрешни работи Битола и Велес, а по 10 извршители во регионалните центри за гранични работи Исток и Југ.

Покрај општите услови наведени во огласот, кандидатите треба да исполнуваат и посебните услови, и тоа: потребна телесна висина од најмалку 175 сантиметри за мажи, 165 сантиметри за жени и висока лична физичка подготвеност, а во потребната документација како доказ за исполнување на потребните услови за работното место се извод од матична книга на родените, диплома за завршено четиригодишно средно образование и две фотографии (3,5 см х 4,5 см), како и своерачно потпишана изјава со која потврдува дека истиот не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.

Пријавените кандидати ќе поминат низ постапка за селекција, која опфаќа административна селекција на поднесената документација, проверка на моторички способности, тест за интегритет и психолошки тест, општо-образовен тест, интервју, безбедносна проверка и здравствени прегледи.

Избраните кандидати за полицаец ќе склучат договор за основна обука за полицаец во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на неа ќе се упатат за 10 проценти поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати.

Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас, не сметајќи го денот на самото објавување. Ненавремената и непотполна документација нема да се разгледува, информираат од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...