fbpx

МВР идентификува и уапси 18 годишник кој фрли молотов коктел кон Собранието

-

Во текот на вчерашното деноноќие лишено е од слобода и лицето кое на 05.07.2022 фрли молотов коктел кон зградата на Собранието, соопшти МВР. Како што додаваат, станува збор за 18 годишниот Ј.С. од Скопје, кој бил идентификуван од снимката и го признал делото.
„По документирање на случајот и против него ќе следува соодветна пријава“, најавија од МВР.
Инаку полицијата вчера упати повик до јавноста да помогне со идентификувањето на хулиганите кои ги поттикнуваат насилствата за време на протестите.
Инаку, за време на вчерашните протести се повредени тројца полицајци, а петмина хулигани се приведени.
„Двајца од полициските службеници се здобија со повреди при инцидент во близина на споменикот Скендербег, каде со брза реакција на полицијата беше избегнат поголем инцидент, при што веднаш беше приведен Е.Ј.(40) од Скопје, осомничен за пукање од пиштол. Пиштолот е обезбеден, за случајот е известен Јавен обвинител и по негово документирање против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти МВР.
Оттаму велат дека уште три лица се лишени од слобода поради фрлање со тврди предмети кон полициски службеници. Еден полициски службеник бил повреден со тврди предмети пред Собранието на РСМ и е задржан на болничко лекување. Уште едно лице било приведено пред угостителски објект на подрачјето на Центар поради снимање со дрон без дозвола.
За време на собирот пред Собранието регистриран е и настан во кој учесници во протестот се обидувале да отстранат група на маскирани лица, кои предизвикувале инциденти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...