„Без разлика дали пријавата е анонимна или не, полициските службеници ќе постапат и, доколку се потврди идентитетот, против насилниците ќе бидат преземени соодветни законски мерки“, велат од полицијата.
Министерството апелира до граѓаните да не дозволат да бидат вовлекувани во ничии сценарија, ниту во било какви насилни инциденти, бидејќи ќе бидат преземани најригорозни мерки и нема да се толерира нарушување на мирот и безбедноста
„Секој дијалог треба да се води во институциите на системот, а македонската полиција е токму гарантот за безбедноста на тие институции, на државата и нејзините граѓани“, нагласија од МВР.
За време на синоќешните протести 11 лица од толпата беа приведени, а 47 полицајци беа повредени. Од нив двајца се здобија со тешки повреди и згрижени се на Клиниката за неврохирургија.
