fbpx

МТСП: Пензионерите добиваат за 6,8 отсто повисоки пензии

-

Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата добиваат повисоки пензии за 6,8 отсто, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

„Новата Методологија предвидува усогласување на пензиите со комбиниран модел од 50 отсто пораст на просечната плата на сите вработени во државата и 50 отсто пораст на трошоци на живот, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика“, соопшти МТСП.

Притоа, како што додаваат, усогласувањето ќе се врши два пати во годината, односно во март и септември, според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоци на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатена плата на сите вработени во државата во однос на полугодието кое му претходи.

„Усогласувањетео ќе ги следи промените во двата индекси. На овој начин се обезбедува постојан раст на пензиите“, велат од МТСП.

Тие известуваат и дека ваквото решение односно воспоставувањето на новата методологија е направена низ дијалог со Сојузот на пензионери на Македонија и Партијата на пензионери, како претставници на највозрасната категорија граѓани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...