fbpx

МОН ќе додели 745 стипендии

-

Министерството за образование и наука, за учебната 2014-2015 година, доделува 745 стипендии за ученици кои учат во јавните и во приватните училишта. Стипендиите се поделени во шест категории и тоа 400 стипендии за социјална поддршка на учениците, 80 стипендии за ученици со статус на деца без родители, 50 стипендии за ученици со посебни потреби, 150 стипендии за талентирани ученици–спортисти, 50 стипендии за талентирани ученици, од кои 45 се за учениците од јавните училишта, а пет за учениците кои учат во приватни училишта, и 15 стипендии за ученици од угостителско-туристичката струка.

– Право да добијат стипендија имаат редовните ученици во јавните и во приватните средни училишта вo Македонија. Услови кои треба да ги исполнуваат се: да не повторувале ниту една година во текот на школувањето, да не користат стипендија од друга институција или фирма и да се државјани на Македонија. Покрај општите услови, за секој тип на стипендија има дополнителни услови кои секој од кандидатите мора да ги исполни за да стекне право на користење паричен надоместок во вид на стипендија – рече министерот Абдилаќим Адеми.

По 2.700 денари месечно стипендија ќе добиваат учениците спортски таленти и талентираните ученици, 2.500 денари изнесува стипендијата за децата без родители и за учениците со посебни потреби, а по 2.000 денари стипендијата за социјалните категории и за угостителско-туристичката струка. Стипендиите се доделуваат во текот на девет месеци во годината.

Сите дополнителни информации, заинтересираните кандидати, можaт да ги најдат на порталот konkursi.mon.gov.mk, каде што е поставена електронската пријава. Рокот за аплицирање е од од 7 до 21 ноември. Резултатите ќе бидат објавени на порталот stipendii.gov.mk на 29 ноември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...