МОН: Исплатени се студентските стипендии заклучно со март

Од МОН велат дека етапно се реализира исплатата на средства за субвенционирање на патните трошоци за стие студенти кои студираат надвор од местото на живеење

Фото: Image by Michal Jarmoluk from Pixabay

Извршена е исплата на средства по основ на студентски стипендии, со што сите стари и нови корисници на стипендии ги добија средствата за тековната академска година, заклучно со март, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН).

Во меѓувреме, исплатена е и втората рата на сите студенти кои имаат потпишано анекс кон договорот за стипендија и навремено доставиле спогодба за користење на зголемен износ на стипендија. Со оваа исплата е надоместена разликата помеѓу стариот и новиот зголемен износ на стипендијата што ја користат студентите, за 5 месеци.

Од МОН велат дека етапно се реализира исплатата на средства за субвенционирање на патните трошоци за стие студенти кои студираат надвор од местото на живеење и го оствариле правото за користење на оваа антикризна мерка која предвидува месечен надомест до  1.200 денари за период од седум месеци.

Сепак, до овој момент, студентите сè уште не ги добиле средствата за меѓуградски превоз за февруари.