МНР: Сите македонски државјани пријавени за евакуација го напуштија Кабул

Фото: Мета.мк

Сите македнски државјани што беа пријавени за евакуација, веќе го имаат напуштено Кабул, главниот град на Авганистан и во моментов се наоѓаат на неколку локации, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР).

Најголемиот дел, преку 30 наши граѓани се наоѓаат во Свинленд, Велика Британија; над 20 граѓани се наоѓаат во Доха, Катар, од каде во наредните денови ќе бидат транспортирани кон европските центри, а потоа кон Скопје. Последните наши граѓани кои беа предвидени за евакуирање, а се наоѓаа во НАТО базата во Кабул, вчера исто така го напуштија Авганистан и се наоѓаат во Осло, Норвешка.

Во НАТО базата во Кабул се останати само оние кои сѐ уште ги обавуваат своите обврски, и чија евакуација ќе се одвива согласно распоредот за повлекување од самата база. Со тоа, сите граѓани кои беа планирани за евакуација се евакуирани и во моментов немаме информација за наш државјанин кој е во загрозувачка ситуација или кому му е потребна асистенција за евакуација, порачува МНР.