fbpx

МНР: Македонските државјани да ја напуштат Русија

Сите државјани на Северна Македонија кои моментално се наоѓаат во Руската Федерација, може да ја контактираат Амбасадата во Москва

-

Македонското Министерство за надворешни работи попладнево објави соопштение, со кое се потсетува дека сѐ уште е на сила препораката на министерството објавена на 28.02.2022 година, сите граѓани на Северна Македонија да се воздржат од патувања кон Руската Федерација, а оние кои имаат можност да ја напуштат земјата.

Од МНР велат дека одблиску го следат развојот на состојбите во Руската Федерација и нашето министерство е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници.

„Сите државјани на Северна Македонија кои моментално се наоѓаат во Руската Федерација, може да ја контактираат Амбасадата во Москва на следните телефонски броеви: +7 925 025-98-05 (мобилен) и е-mail: [email protected]. Државјаните на Северна Македонија може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected]“, се наведува во соопштението на МНР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...