fbpx

МНР: Граѓаните да избегнуваат патување во Нигер, оние што се таму веднаш да ја напуштат земјата

Министерството во моментов работи на евакуација на македонски државјанин кој побарал помош

-

Поради влошената безбедносна ситуација во Нигер и можноста од ескалација на истата, Министерството за надворешни работи (МНР) упати апел до македонските државјани да избегнуваат патување во оваа земја.

До оние граѓани кои се наоѓаат на територијата на Нигер, МНР апелира веднаш да ја напуштат државата доколку имаат можност за тоа.

МНР информираше и дека преку Амбасадата во Каиро работи на обезбедување евакуација за македонски државјанин кој побарал помош.

„За тоа се водат интензивни преговори со нашите партнери и сојузници, кои имаат свои претставништва во Нигер“, велат од МНР.

Министерството апелира граѓаните кои се наоѓаат во Нигер, а кои сè уште не оставиле свои податоци, да ја контактираат Амбасадата во Каиро на телефонските броеви + 202 27 508 501; +201017810085; +201033615542 и е-мејл адресата [email protected].

Дополнително, македонските државјани може да се обратат и до Министерството на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и е-адресата [email protected].

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...