fbpx

Министерот Цветков на конференција на ФАО во Рим

-

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, денеска во Рим учествува на 39. Конференција на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации – ФАО во Рим, на која ќе биде избран новиот генерален директор, кој ќе раководи со агенцијата во следните четири години.

Фокусот на осумдневната конференцијата ќе биде постигнувањето на милениумските развојни цели за искоренување на сиромаштијата, како и обезбедување доволно храна за сè поголемата популација во светот.

На конференцијата ќе се усвојат и извештаите и препораките за спроведување на програмата на ФАО до 2017 година, а ќе се разгледуваат и препораките од извештаите за безбедност на храната на Светската здравствена организација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...