fbpx

Меџити: Протестите за случајот Онкологија да не се користат за дневнo-политички цели

Министерот за здравство Фатмир Меџити на денешниот брифинг рече дека протестите за случајот со Клиниката за онкологија се злоупотребуваат и апелираше тие да не се користат за дневнo политички цели бидејќи можат да го загрозат здравјето на пациентите

-

Министерот за здравство Фатмир Меџити на денешниот брифинг со новинарите рече дека протестите за случајот со Клиниката за онкологија се злоупотребуваат и апелираше тие да не се користат за дневнo политички цели и за собирање партиски поени, бидејќи можат да го загрозат здравјето на пациентите.

„Луѓето да протестираат е загарантирано право со Уставот на Северна Македонија и мислам дека тоа е најдемократски чин. Секој има право да протестира и јас ги поддржувам ваквите протести, но гледаме со случајот Онкологија дека тоа се злоупотребува“, рече Меџити, додавајќи дека не смее да се остави простор за провлекување на дезинформации и шпекулации, затоа што „над сѐ треба да биде здравјето на пациентите“.

Меџити рече дека е исклучително важно пациентите да имаат доверба во лекарите и дека не треба сите здравствени работници да бидат ставени во ист кош. Тој вети дека ќе биде направено сѐ во однос со случајот со Клиниката за онкологија за да се врати довербата на пациентите во квалитетот на здравствената заштита.

Тој очекува во најбрз можен рок да заврши истрагата и со тоа, како што вели, да се стави крај на неизвесноста. За наводите дека на Клиниката за онкологија доаѓале пациенти од други држави, министерот рече дека во моментов нема информации, но и да има, не може да ги сподели поради предистражната постапка што ја води обвинителството.

На денешниот брифинг Меџити рече дека клучна причина за незадоволство од јавното здравство е лошата инфраструктура и услови, па затоа Министерството за здравство иницирало зголемување на буџетот за набавка на опрема од 2,6 на 5 милиони евра.
Меџити најави дека е предвидена нова динамика во изградба и реновирање здравствени установи, а информираше дека течат и законските рокови по откочување на децениски заглавените проекти, како што се болниците во Штип и Кичево. Тој потенцираше и дека во финална фаза е и стратегијата за нова реорганизација на здравствените институции и систематизација на работните места, како и стратегија за задржување на младите лекари во земјава. Министерот најави и нова пракса за пријава на можни злоупотреби во здравството.

„Како никогаш досега ќе има нова пракса за вработените во Министерството за здравство ние сами кога ќе собереме точни информации, јас лично еве ви гарантирам и пред јавноста, како министер ќе одам во обвинителството лично и ќе ја доставам целата документација за можна злоупотреба“, рече Меџити.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...