fbpx

Маричиќ: Со европската перспектива обезбедуваме повеќе европски програми и нови можности за младите

-

Образованието, обуката и програмите за млади се клучни за развојот, економскиот раст и нови работни места, смета вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, на денешниот објаснувачки скрининг за Поглавјето 26, „Образование и култура“.

„Младите заслужуваат европска иднина и можности како нивните врсници во Европската Унија, а наша обврска е тоа да им го овозможиме. Направивме важни реформски процеси и прододолжуваме да напредуваме понатаму“, рече вицепремиерот Маричиќ пред претставниците на Европската комисија.

Во однос на младинските политики, тој истакна дека властите продолжуваат да формираат Младински центри во секоја општина за поддршка на младите, дека е донесен Законот за младинско учество и младински политики, а најави и дека се подготвува нова Стратегија за млади 2023-2027 година.

„Што се однесува до програмите на ЕУ во оваа област, Северна Македонија е многу успешен учесник. Ги потпишавме и почнавме да ги спроведуваме договорите за учество во Еразмус + и Европскиот солидарен корпус, за новиот финансиски циклус. Програмата Еразмус+ се управува со значителна стапка на посветеност и капацитет на апсорпција. Во рамките на 2014-2020 година доделени се 4199 грантови, со вклучени над 32.000 учесници и исплатени 37 милиони евра“, посочи Маричиќ.

Во овој дел директорот на Националната агенција за европски програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски, истакна дека Националната агенција посветено работи на промоција на Програмите Еразмус+ и Европски солидарен корпус, преку организирање на работилници за добро информирање и запознавање со програмите.

Во областа на културата, главниот преговарач со ЕУ Маричиќ кажа дека Министерството за култура останува посветено на програмата Креативна Европа, како еден од главните европски проекти за поддршка на европската културна соработка изразена преку културни творби и обединување на различностите, во чии рамки  поддржани се 14 проекти со вкупен износ од околу 2,5 милиони евра грантови, додека во рамките на потпрограмата МЕДИА се поддржани 3 проекти со 142.000 евра.

Денес во Брисел се одржуваат два објаснувачки скрининг состаноци за Поглавјето 26 „Образование и култура“ и Поглавјето 19, „Вработување и социјална политика“, на кои Европската комисија ќе го презентира новиот корпус на ЕУ законодавство донесено во периодот по 2018/19 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...