Македонија и Украина вечерва ќе се борат за европската титула во „Кантерстрајк“

Фото: Македонска Еспорт Федерација

Македонската репрезентација вечерва од 19 часот ќе се бори против тимот на Украина за освојување на титулата на Европското првенство во играта „Кантерстрајк“. Натпреварот за првото место следи откако вчера нашиот национален тим со резултат 2:1 ја победи српската репрезентација и се пласираше во финалето, информираат од Македонската Еспорт Федерација.

Преносот во живо на вечерашниот финален натпревар може да се следи на Твич каналот на Македонската е-спорт федерација на следниов линк. Европското првенство се одржува во романскиот град Орадеа.

Најдобрите играчи во „Кантерстрајк“ од земјава го формираа македонскиот тим од пет члена кои се натпреваруваат на европското првенство: Јане “aidKiT” Апостолоски, Дамјан “kyxsan” Стоилковски, Павле “stYleEeZ” Стојановски, Александар “CacaNito” Ќулукоски и Даниел “dan1” Глигоров.