fbpx

Љуљзим Баша посакува масовни протести во Албанија, по романскиот пример

-

„Кога граѓаните и младината ќе се кренат, ниту една криминална и корумпирана влада не може да ги сопре. Тоа го видовме во Романија“, рекол Љуљзим Баша, претседателот на Демократската партија на Албанија (ДП), на вчерашната средба со подмладокот на партијата.

На средбата, како што известува дописникот на „Мета“ од Тирана, се разговарало за протестите на 18 февруари што ги организира партијата за да побара биометриска идентификација и електронско пребројување на гласовите на следните избори, но било нагласено и дека ќе се протестира и „против неправдата и сиромаштијата, невработеноста, болното здравство и уништеното образование, против владината ароганција и притисок, дрогата, криминалот и криминалците во политиката“.

Нарекувајќи ги младите „моторот што донесува големи промени во општеството“, Љуљзим Баша истакнал дека во изминатите четири години од владеењето на Еди Рама е воспоставен систем во кој криминалци стануваат градоначалници и парламентарци, додека младите и интелектуалците се принудени да ја напуштаат земјата. Претседателот на Демократската партија ги повикал сите Албанци на 18 февруари да се обединат, да ја земат судбината во своите раце и да обезбедат фер избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...