fbpx

ЛДП: Иванов ја подели наместо да ја обедини нацијата

-

Претседателот на државата, господинот Ѓорге Иванов, повторно, како и многупати досега, наместо да ја обедини – ја подели нацијата, се вели во реакцијата на Либерално-демократската партија на обраќањето на претседателот Иванов.

„Особено загрижува што во својот говор претседателот зборува за многубројни безбедносни закани кои постојано ја демнат земјата, однадвор и одвнатре, активности на паралелни мрежи, ризик од странски терористички борци, мобилизација на криминални структури. Покрај тоа, Иванов продолжува со заплашувањето дека се соочуваме со туѓа наметната игра што има цел да ја дестабилизира Македонија. Наместо да дејствува преку институциите на системот и во согласност со надлежностите што ги има како врховен командант, тој продолжи да создава дополнителни тензии, при тоа квалификувајќи ги граѓаните кои се незадоволни од владеењето на режимот како „странски платеници кои не ѝ мислат добро на државата“, велат од ЛДП.

ЛДП смета дека е неопходно и го повикува господинот Ѓорге Иванов итно да си поднесе оставка на функцијата претседател на Република Македонија, со што ќе се спречи со неговите непромислени постапки дополнително да ја влошува и онака тензичната состојба во земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...