fbpx

ЛДП: Договорот од Пржино не смее да се поништи

-

Лилберално-демократската партија е со став дека не смее да се поништи Договорот од Пржино, ниту од страна на опозицијата, ниту од страна на власта.

Од партијата апелираат до четирите партии потписнички на Договорот од Пржино, да го почитуваат договореното, особено во делот на реформите. Што се однесува до датумот, ЛДП бара легитимни, а не брзи избори.

„Груевски да ја отповика скандалозната одлука на 24 февруари да се распушти Собранието, а на 24 април да се спроведат избори без опозиција. СДСМ да не повлекува потези што би биле штетни по Договорот од Пржино. Уверени сме дека во една ваква констелација на односите, повеќе од потребно е министрите на СДСМ да продолжат со работа во рамките на техничката влада. Работата на Специјалното јавно обвинителство мора да даде резултати! Ја повикуваме и меѓународната заедница да помогне во обновувањето на преговорите, бидејќи само така ќе имаме кредибилни избори, според волјата на народот“, велат од ЛДП.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, и покрај сè, го распуштат Собранието на 24 февруари, од ЛДП велат дека тоа што ќе биде неизбежно е давањето отпор преку општа мобилизација на граѓаните, за спречување на обидите на власта да воведе целосна диктатура во државата.

ЛДП по 24 февруари ќе бара отповикување на сите избрани и именувани функционери на државно и на локално ниво и дистанцирање од каква било улога на опозицијата со оваа власт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...