fbpx

Лани изградени 3.844 станови – повеќе од половината се во Скопје, а третина во Аеродром

Демир Хисар, Крушево, Ресен, Дебар, Кратово, Арачиново, Сарај, Шуто Оризари се дел од општините каде што лани не била завршена изградбата на ниту еден стан

-

Во текот на 2022 година завршена била изградбата на 3.844 станови, од кои 3.714 се во индивидуална сопственост, објави Државниот завод за статистика.

Повеќе од половината од становите се во Скопскиот регион (2.107), додека во одредени градови и региони речиси и воопшто да не се градело. Во Полошкиот регион за една година, лани, биле изградени само 87 станови, од кои 67 се во Маврово и Ростуше. Во Тетово завршена била изградбата на само три стана.

Демир Хисар, Крушево, Ресен, Дебар, Кратово, Арачиново, Сарај и Шуто Оризари се дел од општините каде што лани не била завршена изградбата на ниту еден стан.

Во Скопје најмногу станови се завршени во Општина Аеродром – од вкупната бројка на изградени станови во Скопскиот регион, 2.107, само во Аеродром биле изградени 1.120 станови. Потоа следи Гази Баба со 336, 218 во Центар, 175 во Ѓорче Петров, 131 во Бутел, 105 во Карпош и 14 завршени станови во Кисела Вода.

Според Државниот завод за статистика, просечната корисна површина на завршените станови е 66,9 квадратни метри.

Проценката на ДЗС е дека во 2022 година деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 30.768.214 денари или половина милион евра. Од нив, 14.662.217 денари или околу 240 илјади евра се за објекти во индивидуална сопственост.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...