Концерт на триото „Анимато“ в четврток во Даут пашин амам

Фото: Трио „Анимато“

В четвток, во Даут пашин амам со почеток во 19 часот, триото „Анимато“ ќе одржи концерт со програмски наслов „Безвременски мелодии”. Како што информираат организаторите, композициите се атрактивни, а публиката ќе има можност да ужива во популарни класични мелодии и да се препушти на извонредниот амбиент на Даут пашин амам.

Триото „Анимато“ е формирано во 2020 година. Во него членуваат м-р Светлана Димитриевска – пијано, м-р Даниела Неделковска – флејта и м-р Симона Марочковска Манојловска – флејта. Сите три се професорки во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј”, Скопје.

Фото: Трио „Анимато“

„Состав од овој тип е навистина редок и е многу значаен за камерната музика и нејзиниот развој во Македонија, а секако е поттик и за учениците“, вели професроката Димитриевска.

На програмата се дела од Григ, Брамс, Форе, Шостакович, Шуберт и македонската композиторка Бете Илин. Проектот е поддржан од Министрството за култура.