fbpx

„Ксиаоми“ минатата година продал 61,12 милиони паметни телефони

-

Кинескиот произведувач на мобилни уреди „Ксиаоми“ објави дека во текот на 2014 година продал вкупно 61,12 милиони примероци од своите паметни телефони.

Компанијата со тоа оствари пораст на испораката од 227 отсто во однос на 2013 година, кога испорача 18,7 милиони паметни телефони. Во текот на првата половина на 2014 година, продаде вкупно 26,1 милиони паметни телефони.

Што се однесува до работењето на самата компанија, „Ксиоами“ во текот на 2014 година оствари приход во вредност од 12 милијарди долари. Компанијата во моментов има 45 милијарди долари, а во текот на третиот квартал на 2014 година стана трет најголем произведувач на паметни телефони, зад „Епл“ и „Самсунг“.

Во текот на 2015 година, „Ксиаоми“ планира проширување на својата понуда на пазарот во Русија, Бразил, Турција, Мексико и во Виетнам, како и да продаде 100 милиони паметни телефони.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...