fbpx

Кривичниот суд го прифати обвинението за автобуската несреќа кај Ласкарци

-

Кривичниот суд Скопје во целост го одобри обвинителниот акт за сообраќајната несреќа што во февруари годинава се случи кај селото Ласкарци, по што е формиран кривично правен предмет, кој преку АКМИС системот ќе биде распределен за натамошно постапување.

Обвинението беше поднесено на 1 јули.

„Во однос на повеќе новинарски прашања за обвинителниот акт КО 778/19 поврзан со сообраќајната несреќа која на 13 февруари 2019 година се случи кај селото Ласкарци, ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителниот акт по разгледување и ценење на фактите и доказите приложени во актот, донесе решение со кое обвинението го одобри во целост“, соопштија од Судот.

Формиран е кривично – правен предмет со К.бр.1407/19.

Во несреќата кај Ласкарци загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени.

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) на 1 јули го поднесе обвинителниот акт, со кој ги товари возачот на автобусот, сопственикот, одговорниот за транспорт во фирмата „Дурмо Турс“, како и тројца вработени во станицата за технички преглед, која е во сопственост истиот газда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владата одлучи професионалните возачи побрзо да добијат пасоши

Министерот за транспорт и врски денеска по владината седница се пофали дека владата донесе одлука за воспоставување на брза лента за издавање на патни документи за сите професионални возачи. Како...