Кривични пријави за три фирми – не платиле данок и го оштетиле буџетот за 295 илјади евра

Според Управата за финансиска полиција, во периодот од 1 јануари до 25 април година, значителен дел од прехрамбените производи, евидентирани на залиха, во износ од 112.727.586 денари, неосновано ја присвоиле за себе и не ја евидентирале во сметководствената евиденција

-

Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство – Скопје денеска поднесе три кривични пријави против три физички и три правни лица за постоење на основани сомневања за сторено кривично дело даночно затајување.

Како што соопшти УФП, пријавените физички лица, во својство на управители на пријавените правни субјекти, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекнат со противправна имотна корист за себе и за правните субјекти, во периодот од 1 јануари до 25 април година, значителен дел од набавената трговска стока – прехранбени производи, евидентирана на залиха во износ од 112.727.586 денари, неосновано ја присвоиле за себе и не ја евидентирале во сметководствената евиденција на правните лица како кусок, при што не пресметале, не пријавиле и не платиле данок на додадена вредност по даночна стапка од 5 проценти во износ од 5.636.379 денари и данок на личен доход во износ од 12.524.718 денари.

„Со тoa, пријавените предизвикале штета на државниот буџет во вкупен износ од 18.161.097 денари“, се посочува во соопштението.

УФП додава дека дополнително, проверки се вршат и во други правни субјекти на територијата на целата држава, а по завршување на истите со соодветни поднесоци ќе бидат известени надлежните јавни обвинителства.

Инаку, во изминатиoт период Управата за финансиска полиција во соработка со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи, спроведе проверки во поголем број компании, а во врска со спроведување на Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите донесени од Владата, во текот на кои биле констатирани незаконитости во надлежност на Управата за финансиска полиција, се додава во соопштението.

САД, Европа и Русија не тестираат нуклеарно оружје од 1996 година

Подземните тестови спроведени од Советскиот Сојуз продолжија до 1990 година, Обединетото Кралство до 1991 година, САД до 1992 година и Кина и Франција до 1996 година. Со потпишувањето на...