fbpx

Крајбрежјето на Охридско Езеро се затрупува со смет во викендите, ентузијастите чистат (ГАЛЕРИЈА)

-

Сезоната на Охридското Езеро веќе почна, а со неа доаѓаат и некои грди сцени, кога многу места остануваат затрупани во отпад оставен од капачите. За среќа, Охрид има ентузијасти кои посветуваат време и енергија за крајбрежјето да не се гуши во отпад. Екипата на „Чист Охрид“ викендов вторпат во две седмици одржа акција за чистење од комунален отпад, овој пат на плажата Лабино.

– Посетителите кои во тој момент беа на плажата покажаа свесност и својот отпад уредно го спакуваа и оставија на соодветно место – информираат од „Чист Охрид“.

Велат дека и покрај тврдењата на поединци од ЈП Охридски Комуналец дека непосредно пред акцијата локацијата била исчистена, сепак таму волонтерите затекнале загрижувачка и алармантна состојба.

Во акцијата викендов се собрани 13 вреќи ѓубре и дополнителни работи, како еден целосно изгорен фрижидер, славини од чешми, боја за чевли, четки за тоалетна школка и многу други предмети на кои никако не им е местото на плажа.

Стевчо Маслов од Охридски Комуналец вели дека за жал се чести сцените со купишта отпад, со што се создава грда слика за градот како туристички центар.

– Ги третираме плажите од кои беа отстранети дивоизградените објекти ги чистиме плажите Сараиште, Лабино, Горица 3, Лагадин, Пештани, Трпејца. Секојдневно имаме наши екипи кои ги празнат 120 литарските канти, а го собираат сето она – картони, пластика, хартија – што несовесните граѓани ги оставаат на плажите. Се соочуваме со проблем, максимално работиме, но бараме и соработка од граѓаните – апелира Маслов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...