fbpx

Села и Гаши побараа да не се признае легитимноста на ДУИ како претставник на Албанците

-

Kоалицијата на Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива на вчерашниот „Марш за демократија“ во Скопје порачаа дека ДУИ не е победник на овие избори и нема легитимитет да го застапува албанскиот народ во Северна Македонија.

Оттука, лидерите на двете партии Зијадин Села и Африм Гаши во обраќањето пред делегацијата на ЕУ од маршот упатија две барања до земјите – членки на ЕУ: да не се признае легитимноста на ДУИ како претставник на Албанците и да почне процесот на радикална реформа на Изборниот законик.

„ДУИ може да ја има легалноста според Државна изборна комисија, но никогаш нема да има легитимност за застапување на албанскиот народ во Северна Македонија. Ако сме земја која има за цел европска интеграција, слободата и демократијата треба да бидат клучен збор за оваа интеграција. Бараме од земјите на Европската унија, да се ​​осуди злоупотребата на правото на глас и да не се признае легитимноста на ДУИ како претставник на Албанците во Северна Македонија, како и да почне процесот на радикална реформа на Изборниот законик за идните избори, како што оценија, да станат пример дека нашата земја ги исполнува европските стандарди за фер и демократски изборен процес,“ порачаа лидерите на овие партии.

Тие сметаат дека поради „купувањето гласови, рекетирањето гласачи, корупцијата, заплашувањето, узурпацијата на слободата на избор, гласањето за луѓе кои не се тука, злоупотребата на записници и други манипулации со правото на глас се сигнали дека албанското општество е заробено од каста мафијаши.“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...