fbpx

Ковачевски: Пакетот од 26 мерки, вреден 400 милиони евра е за поддршка на граѓаните и компаниите

-

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во своето обраќање до јавноста истакна дека најновиот пакет од 26 мерки, вреден 400 милиони евра, кој Владата го донесе, има цел да ги заштити граѓаните и стопанството од економската криза со која се соочуваме, како последица од војната во Украина.

„Економските текови се неизвесни и ќе зависат од развојот на настаните, но ние мора да бидеме подготвени и да планираме како ќе го премостиме овој бурен период. Свесни за ризиците по економијата и животниот стандард, ги насочивме парите онаму каде е најпотребно – за финансиска поддршка на граѓаните и компаниите“, рече Ковачевски.

Посочи дека единствен приоритет во моментов на оваа Влада е да го заштити стандардот на граѓаните и да одржи економска стабилност. Во таа насока се и досегашните политики и мерки меѓу кои се и субвенциите за граѓаните за електрична енергија, поддршката за финансиски ранливите категории на граѓани за струја и купување основни производи, и одржувањето на стабилни цени на основните производи, а со новиот пакет 26 мерки, 400 милиони евра од буџетот се насочуваат за поддршка на граѓаните и компаниите.

Ковачевски во своето обраќање ги повика и сите функционери одговорно да ги трошат државните пари и посочи дека нема да има разбирање и оправдување за ниеден функционер кој неодговорно ќе го троши буџетот со кој располага. Тој им порача и на граѓаните и на компаниите, дека секој има одговорност за рационално користење на енергетските ресурси во време на голема енергетска криза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...