fbpx

Конечно обеле Попова Шапка, снегот достигна 26 сантиметри

-

До 7 часот утрово снежната покривка на Попова Шапка достигна 26 сантиметри, каде е и најстудено со измерени -3 степени Целзиусови, информираше Управата за хидрометеоролошки работи.

во Лазарополе утрово се измерени -2 степени, 0 во Маврови Анови, 1 во Крушево, 3 во Охрид и Претор, 4 во Крива Паланка, 5 во Тетово, Берово, Битола, Прилеп и Виница, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец и Куманово, 8 во Штип, Струмица и Гевгелија, 9 во Дојран и 10 степени во Демир Капија.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Берово 34 литри на метар квадратен, потоа во Дојран 26 литри на метар квадратен, во Гевгелија 22 литри на метар квадратен, во Виница 14 литри на метар квадратен, во Крива Паланка и Охрид 12 литри на метар квадратен, во Маврови Анови 11 литри на метар квадратен, во Тетово и Лазарополе 10 литри на метар квадратен, во Битола 9 литри на метар квадратен, во Прилеп и Крушево 8 литри на метар квадратен, во Претор и Куманово 6 литри на метар квадратен, а во Скопје Петровец, Штип и Демир Капија 3 литри на метар квадратен.

Од УХМР за денеска најавуваат променливо облачно време со врнежи од дожд, пообилни во утринските и претпладневните часови во источните делови каде локално ќе бидат проследени со грмежи и засилен ветер. Поради заладувањето на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските и претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

Со недели доцни скијачката сезона поради топлото време, туристичките центри низ земјава во була

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...