Концерт на оркестарот на македонската филхармонија в четврток

Во рамки на концертот, премерно ќе бидат изведени и делата „Дијада“ бр. 2 од Јана Андреевска и „Disturbance“ од Бојана Петровиќ Алексова, информираат во Филхармонија

-

Оркестарот на Македонската филхармонија в четврток, со почеток во 20 часот ќе одржи концерт во рамки на 47 издание на фестивалот „Денови на македонската музика“.

Како што информираат од Филхармонија, на програмата се „Девет минијатури за симфониски оркестар“ од Томислав Зографски, Прелудиум бр.2/ CON DELICATEZZA од Панде Шахов, „The apple t(h)ree (to the unmercenaries)“ од Дамјан Темков, а премерно ќе бидат изведени и делата „Дијада“ бр. 2 од Јана Андреевска и „Disturbance“ од Бојана Петровиќ Алексова. Диригент е маестро Томас Херцог од Швајцарија.

„Во периодот од 2014 до 2024 година, Томас Херцог беше постојан балетски диригент во Театарот Базел. Од 2019 година, тој е чест гостин-диригент на балетски продукции во „Семперопер“ во Дрезден и Државната опера во Будимпешта. Меѓу неговите неодамнешни деби настапи се вбројуваат и концертите со Шпанскиот радио оркестар РТВЕ во Мадрид, Холандскиот национален балет во Амстердам, Нирнбершкиот симфониски оркестар, Камерниот оркестар на Виртемберг во Хајлброн, Националната опера на Рајна во Стразбур и Мулуз, и Резиденцискиот оркестар во Хаг“, велат во Филхармонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...