Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Коби Брајант, по поразот од Сакраменто со 108:101, ќе одмора на следните натпревари поради премореност и бидејќи го мачат старите повреди.
Брајант не е во најдобра форма на последните неколку натпревари. На синоќешниот натпревар против Сакраменто имаше девет изгубени топки и постигна само осум погодоци од 30 обиди.
– Немам голем избор ако телото бара одмор. Се обидувам да осознаам што му е потребно на телото за да можам повторно да се вратам во форма како порано. Затоа потребно е да направам кратка пауза – рече Брајант.
Наредниот натпревар на ЛА лејкерс е утре, против Голден стејт, а на 25 декември играат со Чикаго булс.
Коби Брајант има 36 години и ова е 19. негова сезона во НБА-лигата.