ОВР Кочани ќе поднесе кривична пријава против О.Ц.(36) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по член 201-а од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Пријавениот кој е вработен како обезбедување во основно училиште во Кочани, на 06.10.2021 физички нападнал ученик во училиштето и му нанел повреди. Во врска со настанот бил извршен разговор со О.Ц. и очевидци.
Според Кривичниот законик, за малтретирање на малолетно лице предвидена е затворска казна од 5 до 10 години во зависност од тежината на делото.