fbpx

Клиничката болница – Штип апелира да престане ширењето на лажни вести

-

Најавата од Министерството за здравство дека штипската Клиничка болница ќе стане изолациски центар наиде на осуда кај дел од граѓаните во Штип, додека опозициската ВМРО – ДПМНЕ обвини дека власта, со ова, го загрозува здравјето на граѓаните.

Во град со 50.000 жители, каде секојдневно доаѓаат и заминуваат работници и ученици, во срцето на административниот центар на Источна Македонија, се предвидува карантин за корона, реагираа од ВМРО- ДПМНЕ. Од опозициската партија ја повикаа Клиничката болница да докаже со факти дали и колку се подготвени за да примаат пациенти во карантин.

Материјалите се нарачани, вклучувајќи и дезинфекциски средства, додека изолациски центар се планираните две соби со по две постели, во случај на потреба да се сместат пациенти со сомневање на корона вирусот. Ова претпладнево на прес – конференција го објасни директорот на штипската Клиничка болница, Ален Ѓеоргијев, кој побара, да престане креирањето на лажни вести.

– Имаме барање до Министерството за здравство да се достават материјали што недостасуваат –  наочари, маски и скафандери. Задолжена е болничката аптека да обезбеди дезинфекциски средства – рече Ѓеоргијев.

Тој додаде дека Инфективното одделение има тројца доктори специјалисти, двајца општи доктори, 11 сестри, 35 постели и две соби за карантин.

– Со најава на министерот, штипската болница може да биде место за сместување на сомнителни случаи со корона вирисот. Работите ќе се менуваат во зависност од ситуациите. Доколку имаме случаи со инфекција за корона вирусот за правилно третирање, сите услови ги има само Инфективна клиника во Скопје, за лица на кои им треба сериозен третман и која може да пружи интензивна терапија, како централен довод на кислород и респираторна машина. Тоа го има само Инфективната клиника во Скопје – објасни Ѓеоргијев.

Вчера е одржана обука за корона вирусот за персоналот на болницата. За намерите на Министерството за здравство сѐ уште нема ништо написмено, но, како што објаснија од Клиничката болница, добиле известување со кое од денес се забрануваат посетите на болницата и тоа ќе биде дел од превенцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...