Во Либерија пристигнаа вкупно 160 здравствени работници од Кина. Во земјата најпогодена со ебола, кинеските власти испратија лекари, медицински сестри, епидемиолози, инженери и техничари кои ќе работат во еден центар кој го финансира кинеската влада, за што издвои 41 милион долари (33 милиони евра).

Според последниот биланс на Светската здравствена организација, повеќе од 500 лица починале од ебола.