fbpx
Таг: ебола

таг: ебола

5Г мрежата не го активира Марбург вирусот, ниту пак, луѓето се чипирани и имаат графен оксид

Видеото е од 2021 година, но тоа на ниедно место во објавата не се кажува, па кога ќе се погледне се добива впечаток дека станува збор за сегашен настан и непотребно се крева паника и страв во јавноста за смртоносен вирус. Во објавата се споделуваат и неточни информации дека овој вирус значи активирање на 5Г мрежата, како и „многу...

Вистиномер: Во вакцината против ковид нема ебола

Повеќе студии покажуваат дека вакцината против ковид-19 генерира зајакнувачки за имунитетот бели крвни зрнца, наречени Т клетки, специфични за ковид-19. Овие Т клетки помагаат имунитот систем да го организира одговорот и да ги убие клетките кои се инфицирани со вирусот ковид-19. Самиот производител „Џонсон и Џонсон“ гарантира дека нема да се заразите со ебола вирусот ако ја примите вакцината...

Вистиномер: Бил Гејтс пред 5 години зборувал за опасност од нови пандемии, а не конкретно за коронавирусот

На Фејсбук се шири објава со која се наметнува мислење дека основачот на „Мајкрософт“, бизнисменот и филантроп, Бил Гејтс, уште пред пет години предвидел оти токму годинава ќе има пандемија на ковид-19. Во случајот се манипулира со негово излагање на TED конференција за ебола, каде тој укажува дека светот не сторил доволно за да ја запре болеста и говори...

Пандемијата на Шпанскиот грип од 1918 година „филувана“ со дезинформации

Фото: Болница во Битола -1916; Принтскрин -eprints.ugd.edu.mk
Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, но и во светот. Хрватскиот сервис за...

Ебола се шири во милионски град во Конго

Десетина дена откако во рурална област во Демократска Република Конго беа пријавени првите случаи на ебола, сега опасната и многу заразна болест ебола е регистрирана во градот Мбандака, кој има над милион жители и се наоѓа на 130 километри од местото на првиот регистриран случај. Мбандака е транспортен јазол преку кој се оди до главниот град Киншаса. Според министерот за здравство...

СЗО: Еболата веќе не е меѓународна здравствена закана

Еболата веќе не претставува меѓународна здравствена закана, соопшти денеска во Дакар директорката на Светската здравствена организација (СЗО), Маргарет Чан. Сепак, Чан нагласи дека и понатаму мора да се надгледува ситуацијата во Западна Африка. Од декември 2013 година, од ебола починаа повеќе од 11.000 лица, претежно во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне. Секоја од овие три земји прогласи крај на еболата, но потоа...

Излекуваниот доктор од ебола им предаваше на штипските студенти

„Мојата приказна не е само поврзана со медицината. Тоа е приказна за верба и за чуда, уништувања и пожртвувања на луѓе кои страдале во последните три децении. Како повеќето од вас, одбрав медицина зашто сакав да им служам на луѓето“, рече американскиот доктор Кент Брентли, првиот Американец излекуван од ебола, во својот говор пред студентите на Медицинскиот факултет во Штип. Според Кент,...

Американскиот лекар што ја победи еболата в понеделник во Штип

Докторот Кент Брентли, кој заболе и беше првиот излекуван од смртоносната болест ебола, в понеделник ќе предава на Факултетот за медицински науки во Штип. Докторот, кој во 2014 година беше избран за личност на годината од страна на магазинот „Тајм“, бил дел од медицинска мисионерска група чија главна цел била лекување на пациенти заболени од ебола во Либерија. Додека ги лекувал...

Нов смртен случај од ебола во Сиера Леоне

Нов случај на починат од болеста ебола е регистриран во западно-африканската држава Сиера Леоне, официјално потврдиле официјални лица на земјата, само неколку часа откако Светската здравствена организација (СЗО) објави крај на епидемијата на ебола во Западна Африка, јавува „Би-Би-Си“. Сиера Леоне беше прогласена за слободна од вирусот на ебола на 7 ноември минатата година, а целиот регион беше прогласен за исчистен...

СЗО: Крај на еболата во Западна Африка

Светската здравствена организација објави крај на епидемијата на ебола во Западна Африка, откако ниту еден случај не се појавил во Либерија, но истовремено предупреди дека светот не може да прогласи целосно ослободување од болеста, која однесе повеќе од 11.300 животи за време на двегодишната епидемија. Либерија, која заедно со Сиреа Леоне и со Гвинеја беше епицентар на последната епидемија, уште во...

Победена еболата во Гвинеја

Светската здравствена организација денеска ја прогласи Гвинеја за држава без ебола, две години по избивањето на епидемијата во оваа земја. Победата над опасната болест ќе биде прославена со концерти и со огномет. Од болеста во Гвинеја починаа повеќе од 2.500 лица, а уште 9.000 починаа во Сиера Леоне и во Либерија, јавува „Би-Би-Си“. Сиера Леоне ја прогласи победата над еболата во ноември,...

СЗО: Новата вакцина против ебола е 100 проценти ефикасна

Новата вакцина против ебола, тестирана на 1.000 лица заразени во Гвинеја, се покажала како ефикасна заштита во 100 проценти од случаите и би можела да го спречи ширењето на смртоносниот вирус, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Здравствените стручњаци оценуваат дека резултатите од истражувањето се „извонредни“ и ги менуваат работите поврзани со оваа болест. - Веруваме дека светот е чекор поблиску до пронаоѓањето ефикасна...

Пет лица починале од ебола до крајот на април

До 30 април, пет лица од Западна Африка починале од ебола, а регистрирани се 49 новозаразени случаи, соопшти Светската здравствена организација. Според податоците на СЗО, од почетокот на епидемијата во Западна Африка, починале 10.895 лица, а 26.339 се заразени.

Во Словенија регистриран сомнителен случај на ебола

Лице со сериозни симптоми на ебола е хоспитализирано во клиничкиот центар во Љубљана, соопшти денеска директорот на љубљанската Инфективна клиника, Франц Стрле. Стрле соопшти дека станува збор за словенечки државјанин кој претходно престојувал во африканска држава и оти неговата здравствена состојбата во моментов се оценува како стабилна. Словенечките медиуми јавуваат дека првичните резултати од анализата би можело да бидат готови во...

Опаѓа бројот на нови случаи на ебола

Триесет нови случаи на ебола се регистрирани во текот на изминатата недела, соопшти Светската здравствена организација. Според податоците на СЗО, бројот на новорегистрирани случаи на ебола е на најниско ниво во последната година, откако се појави епидемијата која однесе 10.572 животи, а зарази 25.515 лица.

СЗО: Повеќе од 10.000 луѓе починале од ебола

До крајот на минатата година повеќе од 10.000 луѓе починале од избувнувањето на епидемијата на ебола, соопшти Светската здравствена организација. Во девет држави, главно од Западна Африка, биле заразени повеќе од 24.000 луѓе, од кои 10.000 починале. Стручњаците предупредуваат дека во земјите погодени со ебола би можело да дојде и до појава на други видови епидемии, особено кај децата.

Поради ебола, во карантин потпретседателот на Сиера Леоне

Потпретседателот на Сиера Леоне, Семјуел Сем Сумана, одлучил да биде ставен под карантин откако неговиот телохранител починал од ебола. Според Светската здравствена организација (СЗО), од ебола починаа 9.589 лица, а заразени се 23.700 луѓе. Во Сиера Леоне досега починале 3.461 пациент, но има најмногу заразени, дури 11.300 лица.

СЗО: Од ебола починале повеќе од 9.000 луѓе

Светската здравствена организација соопшти дека бројот на жртви од ебола, во трите западноафрикански држави најпогодени од епидемијата, ја надмина цифрата од 9.000. Во Гвинеја, Либерија и во Сиера Леоне од болеста починале 9.004 луѓе, а инфицирани се 22.525 луѓе. Во Либерија починале 3.746, а заразени се 8.745. Во Сиера Леоне починале 3.301 и заразени се 10.792, додека во Гвинеја има 2.988...

Повторно се зголемува бројот на заболени од ебола

Најновите податоци на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека првпат годинава дошло до зголемување на бројот на заболени од ебола во најзагрозените земји во Африка. Бројот на новите случаи е зголемен во трите најтешко погодени држави – Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне. Податоците на СЗО укажуваат дека обидите да се стави под контрола епидемијата, сепак, не го дале очекуваниот ефект. Досега...

СЗО: Од ебола починале околу 9.000 луѓе

Досега од ебола во светот починало 8.921 лице, информираше Светската здравствена организација. Оттаму велат дека најмногу од нив се од Гвинеја, Либерија и од Сиера Леоне. Најголем број, односно 3.710 починати и 8.668 заразени, се регистрирани во Либерија. Во Сиера Леоне од 10.707 инфицирани починале 3,274, а во Гвинеја од 2.959 заразени смртно настрадале 1.937 лица. Светската здравствена организација во октомври прогласи крај...

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...