fbpx

Киев: Примирјето почитувано во текот на ноќта

-

Украинската војска денеска соопшти дека прекинот на огнот е во целост почитуван во текот на ноќта на територијата под контрола на проруските сили во Источна Украина, но предупреди дека проруските сили го користат примијето да се прегрупираат за нови напади.

– За да ги залажат преставниците на ОБСЕ, проруските сили ја преместуваат воената опрема од фронот и во текот на ноќта повторно ја враќаат таму. Има знаци дека се подготвуваат нови напади – изјави портпаролот на украинската војска, Андреј Лисенко.

Тој наведе дека главна мета на проруските сили биле стратегиски важните градови Маријупољ и Артемивск, кои се наоѓаат северно од градот Донецк, кој е упориште на проруските сили.
Лисенко рекол дека синоќа немало гранатирање, но дека проруските сили вчера ги гранатирале положбите на украинските сили 34 пати, при што ранети биле осум војници.

Во меѓувреме, проруските сили соопштија дека украинските сили го гранатирале Донецк 26 пати во изминатите 24 часа.
Командантот на проруските сили, Едвард Басурин, изјави дека продолжило повлекувањете на тешкото вооружување од фронтот, процес кој го надгледуваат претставници на ОБСЕ.

Од ОБСЕ соопштија дека го надгледувале повлекувањето на два конвои во регионот Луганск, но проруските сили ѝ забраниле на специјалната мисија да го следи конвојот до крајната дестинација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...