fbpx

Ќе се зголемуваат јавниот долг, пензиите и социјалните надоместоци

-

Намалување на буџетскиот минус за да достигне 2,6 отсто од домашниот бруто-производ во 2018 година се предвидува до најновата фискална стратегија, во која Владата образложува како ќе управува со парите во периодот од 2016 до 2018 година.

Во стратегијата пишува дека за следната година расходите за пензиите се планирани со соодветното зголемување, со што околу 307.000 пензионери ќе добијат зголемување на пензиите за 5 проценти во просек, односно по 650 денари линеарно, почнувајќи од септемвриската пензија.

И во 2017 година е планирано зголемување на пензиите за 5 отсто во просек, почнувајќи од септемвриската пензија.

Планирано е и зголемување за 5 отсто на социјалните надоместоци за најзагрозените семејства, во вид на социјална помош, почнувајќи од јуни 2016 година.

Вкупниот јавен долг на крајот на 2016 година ќе изнесува 49,1 отсто од домашниот бруто-производ, во 2017 година ќе се искачи на 51,3 проценти, а во 2018 година би дошол на ниво од 52,4 проценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...