fbpx

Јутарњи лист: САД бара екстрадиција за сите осомничени во аферата „Бањска“, Вучиќ шокиран

Соединетите Американски Држави побараа екстрадиција на сите осомничени за тероризам во аферата „Бањска', односно конфликтот меѓу српските паравоени групи и косовските полициски сили на северот на Косово што се случи на 24 септември, што е удар за Вучиќ

-

Српскиот претседател Александар Вучиќ доживеа шок на седницата на Советот за безбедност посветена на односите меѓу Србија и Косово, откако САД побараа екстрадиција на сите осомничени за тероризам во аферата „Бањска“, поврзан со конфликтот меѓу српските паравоени групи и косовските полициски сили на северот на Косово што се случи на 24 септември, што е удар за Вучиќ, пишува Јутарњи лист. Европскиот парламент, пак, побарал одредени санкции против Србија, дури и прекин на преговорите со ЕУ.

Тогаш дојде до пресметка меѓу косовската полиција и терористите, во која загинаа еден полицаец и четворица напаѓачи, а еден од водечките српски политичари од Косово и соработник на Александар Вучиќ, Милан Радоичиќ, ја призна својата вмешаност во организацијата на нападот.

„САД го осудуваат нападот. Тоа беше чин кој ги загрози животите на граѓаните на Косово. Треба да се сноси целосна одговорност врз основа на законот“, рече заменик-постојаниот претставник на САД во ОН Роберт Вуд пред Советот за безбедност.

Ова е многу сериозна закана и показател дека САД не го сметаат инцидентот во манастирот Бањска само за терористички чин, туку дека за него е одговорна Србија, која, најблаго речено, го доведе Вучиќ во непријатна ситуација, пренесува Н1.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.