Владата на 66. седница донесе Уредба со законска сила за начин на наплата на надоместоците од страна на Јавното претпријатие „Македонска радиодифузија“ од радиодифузерите кои вршат радио емитување за време на вонредна состојба.

„Заради економските последици од корона кризата на радиодифузерите кои обезбедуваат радио емитување (радија), ЈП „Македонска радиодифузија“ нема да им ги наплаќа трошоците за обезбедување на енергетско напојување на радиодифузни уреди за 2020 година и трошоците за закуп на деловен простор на радиодифузни објекти на ЈП МРД за 2020 година, определени со Ценовникот на услуги на јавното претпријатие,“ соопштуваат од Владата.

Во одлуката се наведува дека радиодифузерите кои до денот на влегувањето во сила на оваа уредба ги платиле надоместоците за обезбедување на енергетско напојување на радиодифузни уреди за 2020 година и надоместоците за закуп на деловен простор на радиодифузни објекти на ЈП МРД за 2020 година, ќе се смета дека извршиле плаќање на надоместоците за 2021 година, согласно Законот за основање на Јавното претпријатие Македонска радиодифузија.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.