fbpx

Мицкоски бара изборите да се одржат на средината на јули и побара од Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека не прифаќа избори на 5 или на 8 јули, туку бара тие да се одржат кон средината на месецот јули.

Тој побара од претседателот Стево Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба, за да може да се подготви изборниот процес, со цел да се изработат протоколи за заштита на здравјето на граѓаните.

„Имаш време денес до крајот на денот да ја продолжиш вонредната состојба. Зошто да ја продолжи вонредната состојба? Затоа што ВМРО-ДПМНЕ има два услови, а тоа е најпрвин да изработиме протоколи со кои што ќе го заштитиме здравјето на граѓаните. Од ова кратко време колку што имав можност да те запознаам г. Стево Пендаровски знам дека и тебе ти е тоа приоритет – да изработиме протоколи со кои што ќе го заштитиме здравјето на граѓаните и втората работа, да имаме фер и демократски инклузивни избори во оваа држава Што значи тоа? Тоа значи дека првиот ден кога мисијата набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ќе бидат во Македонија веднаш по одржаната нивна прес-конференција следниот ден нека биде првиот ден од нашата кампања и од тој прв ден да го утврдиме датумот кога ќе бидат одржани овие избори. Според сегашната ситуација она кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ го антиципираме првата возможна дата е средината на месец јули,“ рече Мицковски.

Денеска, набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР информираа дека ќе испратат набљудувачи по 19 јуни.

„По официјалната покана да се набљудуваат предвремените парламентарни избори во Северна Македонија на 5 јули и во согласност со својот мандат, ОДИХР се подготвува да испрати специјална мисија за проценка на изборите. Во отворениот конкурс, кој завршува на 16 јуни, ОДИХР бара шеф на мисијата на Северна Македонија и негов заменик, политички и изборен аналитичар, како и аналитичар за регистрација на гласачи, правен и медиумски советник. Мисијата ќе биде во траење од три недели, а сите кандидати треба да бидат на располагање за извршување на задачите од 19 јуни, “ стои во соопштението на ОБСЕ/ОДИХР.

Вчера лидерот на СДСМ, Зоран Заев го повика Мицкоски изборите да се оддржат на 8 јули, односно се согласи да направи отстапка наместо на 5 да бидат како што претходно бараше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Апелација досуди условна казна за Мијалков за случајот „Плацевите на Водно“

Апелацискиот суд од Скопје со донесената пресуда ја замени затворската казна за ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков со условна осуда, додека ја зголеми затворската...
Premium WordPress Themes Download
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
lynda course free download
download samsung firmware
Download Nulled WordPress Themes
free download udemy paid course