fbpx

Израел-Газа: Се зголемуваат надежите за нов привремен договор за прекин на огнот

Притисокот за договор се засили по инцидентот во четвртокот надвор од градот Газа на северот од територијата, каде што најмалку 112 лица загинаа додека толпата брзаше кон конвојот со помош

-

Делегација на Хамас, наводно, пристигнала во Каиро, Египет, со што се зголемуваат надежите за прекин на огнот во војната меѓу Израел и Газа, пишува Би-би-си.

Неименуван американски функционер изјавил дека Израел „повеќе или помалку, го прифатил“ договорот.

Од САД велат дека шестнеделната пауза ќе овозможи ослободување на повеќе израелски заложници и палестински затвореници.

Притисокот за договор се засили по инцидентот во четвртокот надвор од градот Газа на северот од територијата, каде што најмалку 112 лица загинаа додека толпата брзаше кон конвојот со помош.

Хамас го обвини Израел дека пука во цивили додека се обидуваат да добијат храна, а Израел го негираше ова. Оттаму утринава изјавија дека при првичните прегледи заклучиле дека израелските трупи пукале врз „неколку поединци“ кои им се приближиле, но дека повеќето од смртните случаи биле предизвикани од турканиците меѓу луѓето.

Египетските власти, кои ги водеа разговорите со Катар, рекоа дека на преговорите се очекува да присуствуваат делегации и од Хамас и од Израел.

Се наведува дека од Хамас изјавиле дека договор за примирје би можел да биде постигнат во следните 24 до 48 часа, при што извор од групата изјавил за египетските медиуми дека договорот зависи од тоа Израел да се согласи со неговите барања.

Очекувањата за договор беа зголемени откако висок американски функционер рече дека Израел од своја страна „во основа се согласил“ за рамка за шестнеделен прекин на огнот.

Израелската војска започна голема воздушна и копнена кампања за уништување на Хамас откако неговите вооружени лица убија околу 1.200 луѓе во јужен Израел на 7 октомври и зедоа 253 во Газа како заложници.

Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, соопшти дека оттогаш во Газа се убиени најмалку 30.410 луѓе, вклучувајќи 21.000 деца и жени, а околу 7.000 се водат како исчезнати, а 71.700 се повредени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...