Фото: Kampus Production @Pexels

Поаѓајќи од актуелната состојба со неискористениот потенцијал на отворените образовни ресурси (ООР) во руралните средини во Северна Македонија, во рамките на проектот „Отворени образовни ресурси“ којшто е поддржан од Фондацијата Отворено Општество – Македонија, Фондацијата Метаморфозис подготви краток водич што содржи три чекори за создавање, лиценцирање и промовирање на отворени образовни ресурси. 

Покрај објаснувањето на тоа што опфаќа терминот „отворени образовни ресурси“, едукаторите од земјава заинтересирани за создавање на нови содржини со краткиот водич можат да се започнаат како најдобро да ја дефинираат темата на ООР, како да ја конципираат содржината на ООР и кои бесплатни алатки на интернет можат да се искористат за создавање на едукативните содржини. Краткиот водич нуди и совети за лиценцирање и споделување на ООР на интернет.

Во интегрална форма, краткиот водич за создавање на отворени образовни ресурси може да се прочита овде.