fbpx

Иванов во МАНУ ги искара и нашите политичари и Европската унија

-

Лидерите треба да најдат решение за излез од политичката криза, рече претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, на вториот меѓународен научен собир „Македонско-словачки книжевни, културни и духовни врски“, што се одржа во МАНУ.

– Македонските лидери мора да ги урнат менталните ѕидови и да ги затрупаат менталните ровови. Во вакви сложени услови, лидерите на политичките партии мора што поскоро, преку дијалог, да дојдат до решение со кое ќе се надмине оваа политичка криза – рече Иванов, кој нагласи дека за само шест години соочени сме со три политички кризи, секоја подлабока од претходната.

Тој додаде дека ЕУ, наместо да го интегрира Балканот, почна да гради нови ѕидови.

– Затворајќи се во себе и претворајќи се во тврдина, Европа како да си ги поткопува сопствените темели. Ниту една држава, ниту Македонија, не е имуна на овие процеси. Ветувањето од Солун не само што не е исполнето, туку и политиката на проширување се соочува со стагнација. Цели 10 години, Македонија не е на агендата за проширување поради блокадата од јужниот сосед. Блокадата доведе до тоа за само шест години да имаме три политички кризи, секоја посериозна од претходната – рече Иванов.

Tој нагласи дека македонските граѓани со вознемиреност гледаат како со секоја наредна политичка криза менталните ѕидови се надградуваат, а политичките ровови се продлабочуваат.

– Од високите ѕидови и од длабоките ровови сè потешко е да се види човечкото лице на политичкиот противник – рече шефот на државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...